Избегнување измами

Skip listen and sharing tools

Измама е трик развиен од страна на безскрупулозни луѓе за да ви земат пари или податоци за вашите сметки во банка.

Измамниците може да користат телефон, е-пошта, текстуални пораки и пошта да ги контактираат луѓето. Подолу ќе најдете некои информации кои ќе ви помогнат да ги идентификувате измамите и да се заштитите себе си од три од најчестите измами.

Измами со лотарија

Измамниците испраќаат писмо кое личи веродостојно, или е-порака, текстуална порака или порака преку социјалните медиуми со која ве известуваат дека сте добиле награда. Наградата може да биде во пари, одмор, smartphone или ваучер за купување. За да ја добиете наградата, ќе ви кажат дека мора прво да платите такса или да им ги испратите податоците за вашата сметка во банка.

Некои од предупредувачките знаци на оваа измама се:

  • Наградата е за лотарија или натпревар на кои вие не сте учествувале
  • Се бара од вас да се јавите на број или да испратите е-порака со ваши лични податоци
  • Се бара од вас да платите такса или да ги дадете вашите банкарски податоци за да ја добиете наградата
  • Тие ќе ви дадат број на поштенско сандаче, е-адреса или број на мобилен телефон како контакт деталји, (нема да ви дадат адреса).

Измами со рабати

Измамниците се претставуваат дека се од влада, од банка или друга добро позната организација и велат дека ви должат пари - меѓутоа вие прво ќе треба да платите административна или слична такса за да ви ги 'вратат парите'. Некои измамници велат дека вашата пензија или додаток не ви бил исплатен во целина, или сметките за комуналии биле надплатени како причина зошто ќе добиете рабат.

Вистинска банка, бизнис или владино одделение никогаш нема да ве контактираат и да ви кажат дека ви должат пари а вие треба да платите за да ги добиете.

Измами со љубовни односи

Измамниците им пристапуваат на жртвите на регуларните интернет страни за запознавање. Штом контактот се воспостави, тие го пренесуваат контактирањето преку лична е-пошта, телефон или текстуални пораки. Со тек на време, измамниците градат односи на линија со жртвата, настојуваат да стекнат доверба кај жртвата.

Потоа, измамникот ќе измисли приказна дека му требаат пари, често пати заради болест или повреда на член на семејството, или да плати за инвестиција. До овој момент, жртвата обично стекнала доверба и го засакала и обично испраќа пари, дури и кога пријателите и семејството укажуваат дека е измама. Штом парите се испратени скоро е невозможно да се повратат.

Заштитете се себе си - важни факти да запомните за измамите

  • Ако изгледа дека е премногу добро да е вистинито, најверојатно не е вистинито
  • Бидете внимателни со сомнителни е-пораки, телефонски повици или писма кои велат дека имате пари за земање или ви должат пари
  • Никогаш не испраќајте пари и вашите банкарски податоци за да подигнете награда или рабат
  • Проверете дали сте учествувале на лотарија или извлекување награди и запомнете легалните лотарии нема да бараат да платите такса за да ја добиете наградата
  • Никогаш не плаќајте со парична испратница или жичен трансфер - користете секогаш посигурен начин како кредитна картичка или PayPal
  • Бидете свесни за лажни интернет страни кои користат легални знаци на добро познати банки или други организации - ако не сте сигурни, јавете се на банката, организацијата директно и проверете
  • Не ги користете врските во е-пораки за да го контактирате бизнисот. Најдете ги информациите за контактите на интернет, преку телефонски именик или друг независен извор
  • Никогаш не испраќајте пари до некој кого не сте го сретнале лично, дури и ако сте разговарале или сте добиле подароци
  • Слушајте го семејството и пријателите ако тие имаат забелешки за некого кого сте го сретнале на интернет
  • Внимавајте на фотографиите на лицата на интернет зашто тие може да не се вистински (може да се земени од весник).

Превземање дејствија против измами

Ако сметате дека сте биле измамени, јавете ни се веднаш за да известите за настанот. Во зависност од вашата ситуација вие можеби ќе си ги повратите парите преку банката кај која ја имате кредитната картичка.

Ако не можете да ги повратите парите, сепак е важно да известите за инцидентот, зашто тие информации може да ни помогнат да запреме други измами.

Научете повеќе за тоа како да избегнете измами гледајќи го нашето Stevie's Scam School видео за потрошувачите на малите бизниси.