Договори за мобилни телефони - совети за потрошувачите Skip listen and sharing tools Пред да купите мобилен телефон Разберете ги овие поими: давател на услуги (service provider): компанија која вашиот мобилен телефон го поврзува со некоја телекомуникациона мрежа, за да можете да разговарате и да праќате и примате електронски пораки (emails) premium SMS: текстуални пораки што се користат за гласање на „реална телевизија“ („reality television“), натпревари и претплата на содржини (content subscriptions). Ако пратите или одговорите на premium SMS, може да се случи да се претплатите на услуга со многу скапи повици. Потоа може да биде тешко да ја откажете услуга без тоа да ве чини уште поскапо меѓународен роаминг (roaming): повикување или примање повици на вашиот мобилен телефон додека сте во странство. Тоа може да биде скапо. Прочитајте го условите (terms and conditions) за да знаете колку ќе треба да платите за таа услуга 32GB/16GB: овие бројки обично стојат во описот на планот и се однесуваат на капацитетот за складирање (storage capacity) на вашиот мобилен телефон, а не на дозволениот обем на даунлодирање на податоци (data download allowance). Одлучете: колку повици и текстови е веројатно дека ќе правите колку податоци (data) ќе ви требаат. На пример, ако често проверувате електронски пораки (emails) или пребарувате на интернет, може да ви треба план со поголемо месечно даунлодирање на податоци - обично 1 или 2 гигабајти месечно. За повеќе информации за користењето податоци (data usage) проверете на интернет страницата на давателот на услуги колку долго сакате да бидете под договор. Договорите може да бидат од 12 до 36 месеци. Ако не ви се потпишува договор, најнапред пробајте со припејд услуга. Кога ќе ја потрошите картичката за надополнување (recharge card), може да избирате дали да останете со таа телекомуникациона мрежа или да одберете друга. Не пропуштајте да: се распрашате и да ги споредите цените, условите и плановите на различни компании добиете писмени информации за услугите и цените знаете колку ќе ве чини ако го промените или раскинете договорот, или ако вашиот телефон се расипе, загуби или биде украден ја прочитате гаранцијата за да знаете што таа покрива, а што не дознаете колку ќе ве чини ако телефонот го користите во странство. Барајте: мобилен телефон што е лесен за употреба план што може да си дозволите давател на услуги кој има добро мрежно покривање (network coverage) во вашата област. Запаметете: често треба да доплатите за да раскинете договор пред да му истече важноста некои услуги се плаќаат дополнително - гласовно сандаче (voicemail), префрлување на повици (call-forwarding), листање на интернет (internet browsing), апликации за купување (purchasing apps) и меѓународен роаминг проверете на интернет страницата на давателот на услуги или отидете во нивна продавница за да проверите дали ќе имате прием во областите во кои го користите вашиот мобилен телефон може да треба да се доплати ако ја надминете границата за телефонски повици или прием/праќање на податоци. Гаранции за мобилни телефони Чувајте ги сметките и договорите како докази за вашето купување. Трговците и давателите на услуги не мораат да ви понудат телефон на заем или како замена за време на поправка под гаранција. Меѓутоа, некои имаат правила да го прават тоа. Во зависност од условите на вашиот договор, може да треба да продолжите да ја плаќате месечната сметка додека вашиот телефон се поправа. За повеќе информации за гаранциите видете во нашето поглавје Гаранции. Исто така имате права според Австралискиот закон за потрошувачи (Australian Consumer Law). Ако вашиот телефон се расипе, може да барате да ви ги вратат парите или да ви го заменат. За повеќе информации видете на нашата страница Враќање на парите, поправки и замена. Пред да потпишете договор за мобилен телефон Секогаш прочитајте го договорот - не се потпирајте само на тоа што го кажува продавачот. Договор за мобилен телефон е правна обврска. Обично е тешко и скапо да се раскине. Внимавајте на скриени трошоци и неправедни услови во договорот. За повеќе информации видете на нашата страница Даватели на услуги за мобилни телефони - неправедни услови во договор. Никогаш не потпишувајте договор што не го разбирате. Побарајте да ви го објасни некој кој го разбира договорот. Проверете колку ќе биде месечната сметка, плус сите дополнителни трошоци. Проверете дали можете да си ги дозволите тие трошоци додека важи договорот. Ако од ист продавач купувате и телефон и врска, можеби склучувате два различни договора - еден со трговецот за телефонот и еден со давателот на услуги за поврзување со мрежата. Тоа значи дека трговецот може да ви помогне ако нешто не е во ред со телефонот, но не може ако има проблеми со врската со мрежата. Внимателно размислете пред да станете „гарант“ во договор на лице помладо од 18 години - вие ќе треба да ги плаќате неговите сметки, ако тоа не може. За да дознаете повеќе за вашите права и како да ги користите, видете ја нашата страница Договори. После потпишување на договор за мобилен телефон Договорот чувајте го на безбедно место, за да се повикате на него ако подоцна биде потребно. Јавете му на давателот на услуги ако вашата ситуација се смени - на пример, ако вашиот телефон биде загубен или украден, или ако не можете да ги плаќате сметките. Водење сметка за вашите сметки за мобилен телефон Често проверувајте го користењето на податоци (data usage) - тоа може да помогне да одбегнете високи сметки. Имајте претстава колку би требало да ви е сметката и прашајте го вашиот давател на услуги за секој невообичаен трошок. Ако ви треба помош за плаќање или пресметка на вашите отплати, јавете се на National Debt Helpline. Сметките плаќајте ги навреме. Ако не го правите тоа, може да ви бидат пресметани дополнителни трошоци. Кога нешто не е во ред Јавете се во продавницата во која сте го купиле мобилниот телефон или на вашиот давател на услуги. За совети видете на нашата страница Решавање на спорови. Ако имате проблеми со вашата сметка или со врската со мрежа, кои не можете да ги решите со вашиот давател на услуги, јавете се на Telecommunications Industry Ombudsman. Related information Mobile phone providers - unfair contract terms Helping students be mobile savvy - Australian Competition and Consumer Commission (ACCC) website Back To Top