Патувачки Измамници

Skip listen and sharing tools

Патувачките измамници се сомнителни занаетчии кои чукаат по вратите на куќите и малите бизниси, нудејќи извршување на работи на одржување.

Тие почесто доаѓаат за време на топло време и после природни непогоди, како поплави, пожари и бури кога луѓето во неволја ги чистат или поправаат имотите.

Патувачките измамници нудат да помогнат со работи како обновување на драјвеи, бојадисување, поправка на кровови и чистење на теписи по пониски цени. Често пати, тие ги форсираат луѓето нудејќи им 'специјални цени кои важат само денеска'.

Зошто треба да ги избегнувате?

Патувачките измамници обично бараат готовина пред да започнат со работата и најчесто ги снемува штом ќе ги добијат парите.

Ако и направат некоја работа, таа обично е незавршена или со слаб квалитет.

Тие брзо се селат и обично го кажуваат само името и мобилниот број - така што тешко е да ги контактирате подоцна.

На што треба да внимавате?

Бидете внимателни со луѓе кои:

  • Ќе чукнат на вашата врата неочекувано нудејќи:
    • Бојадисување на куќата
    • Работа во градината или сечење на дрвја
    • Поправка на драјвеи
    • Поправка на кровот
  • Нудат ефтини цени користејќи зборови како 'само за денеска'
  • Бараат готовина однапред
  • Нудат да ве однесат до банката за да извадите пари за да платите за работата
  • Ве форсираат да ја прифатите нивната понуда
  • Велат дека можат да ја извршат работата сега зашто некој во близина само што откажал.

Совети како да се заштитите од патувачките измамници

Ако се сомневате дека пред вратата е патувачки измамник не отворајте.

Ако зборувате со нив, побарајте да си одат. Ако не сакаат да си заминат, тие го кршат законот.

Одбијте понуда со ниски цени. Може да ве чини повеќе подоцна.

Ако треба да најдете некој за работа околу куќата:

  • Барајте понуда која ќе ви одговара
  • Користете постоечки занаетчии кои даваат понуди на писмено
  • Побарајте контакт деталји на претходни клиенти за да ги проверите препораките
  • Не потпишувајте никаков договор се додека не сте подготвени
  • Побарајте го целото име и презиме на мајсторот, регистрацијата или деталји од возачката дозвола (ако има) за да можете да проверите со нивното здружение.
  • Побарајте го нивниот бизнис број за да проверите дали занаетчијата работи за нив.

Битеде внимателни, особено после непогоди, од секој оној кој ви нуди цени кои важат само 'денеска' за извршување работи за кеш. За совети во случаи на непогоди погледајте ги нашите совети на англиски Advice in a disaster.

Превземање дејствија против патувачки измамници

За да ни помогнете да ја предупредиме заедницата за сомнителни занаетчии ве молиме испратете коментари на оваа страница на социјалните медиуми и на Македонски форуми ако знаете за вакви атувачки измамници во вашата населба:

  • Забележете колку што може повеќе информации, како нивното име и регистрација на возилото
  • Јавете се на националната телефонска линија за патувачки измамници (1300 133 408) помеѓу 8:30 и 17:00 часот од понедлник до петок (освен државни празници)
  • Пријавете ги во полиција
  • Известете на Twitter hashtag #stopconmen и следете не на @consumervic за најнови информации за патувачките измамници
  • Испратете коментар на National Travelling Con Men Facebook страница на facebook.com/StopTravellingConMen
  • listen to our information in Macedonian: