Викториска служба за потрошувачки прашања

Што работиме ние

Consumer Affairs Victoria (Викториската служба за потрошувачки прашања) е државен орган што ги регулира потрошувачките прашања. Нашата цел е да им помогнеме на жителите на Викторија да бидат одговорни и информирани трговци и потрошувачи.

За да го постигнеме тоа, ние:

  • редовно ги прегледуваме законите за потрошувачите и стопанските правилници и ја советуваме државната влада
  • ги советуваме и подучуваме потрошувачите, потстанарите, трговците и сопствениците на имоти за изнајмување во врска со нивните права, обврски и промените во законите
  • ги регистрираме бизнисите и професиите и издаваме работни дозволи
  • посредуваме во решавањето на спорови меѓу потрошувачите и трговците, и потстанарите и сопствениците на имоти за изнајмување
  • ги спроведуваме законите за потрошувачите и се грижиме за нивното почитување.

Даваме бесплатни и независни информации и совети за:

  • градење и реновирање
  • издавање работни дозволи и прописи за работење
  • имиња на бизниси
  • купување и продавање на имот
  • кооперативи
  • прибирање доброволни финансиски средства
  • регистрирани здруженија
  • ограничени партнерства
  • отплата на долгови
  • моторни возила
  • здруженија на сопственици
  • безбедност на производи
  • изнајмување
  • пензионерски населби
  • измами
  • пазарување и тргување.

Јавете ни се

Преведувачка служба

Interpreter service logoЈавете се на 131 450 и кажете го на англиски името на вашиот јазик. Потоа замолете го преведувачот да се јави на 1300 55 81 81.

Повеќе информации

Last updated: 24/03/2017

Was this page helpful?